Во рамки на учеството на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на тркалезната маса посветена на дигиталната транзиција и вештачката интелигенција.
Заедно со премиерите на Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Лихтенштајн, Хрватска, Албанија и претседателките на Ервопската комисија и на Европскиот парламент, разговараа за улогата на вештачката интелигенција како основа за идни иновации и развој на европскиот континент, дигиталната инфраструктура, улогата на социјалните мрежи и потребата од регулирање на нивната работа, соопшти владината прес-служба.
Лидерите ја потврдија потребата и итноста Европа да ги удвои напорите со цел да обезбеди лидерство во сите процесите врзани со истражувачката дејност и останатите активности кои ќе обезбедат развој на вештачката интелигенција. Тие воедно повикаа на здружување на силите на национално ниво во формирање на специфичен, европски пристап и иницијативи во развој на стандарди кои ќе бидат компетитивни на светскиот пазар, стои во соопштението.
На тркалезната маса, премиерот Ковачевски ја истакнал важноста од соодветно позиционирање во однос на компаниите кои работат во доменот на вештачката интелигенција. Беше посочено дека креирањето на соодветна бизнис средина за претприемачки систем за употреба на вештачката интелигенција, е исклучително важно и за истото е потребно соодветно регулирање на пазарот.
Позиционирањето на Европа и креирањето бизнис средина за она што сака да се постигне е од исклучителна важност, истакнал премиерот Ковачевски на тркалезната маса, додавајќи дека притоа е важно тоа да не е на сметка на иновациите и напредокот.
Ковачевски се осврнал и на телекомуникациската инфраструктура на Македонија, која е најразвиена меѓу земјите од регионот, и која е основа за дигиталната трансформација и натамошниот развој и просперитет на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.