Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Дојран го повика ВМРО-ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група во министерството за правда која е формирана за утврдување на термините за изборите.
„На вчерашната седница на пратенички прашања во Собранието имав средба со четири средби со претседатели на партии и разговаравме за актуелните прашања. Во врска со подготовките на изборите во дел на изборниот законик, во Министерство за правда веќе постои работна група, каде сите политички партии имаат претставници, само ВМРО-ДПМНЕ немаат делегирано свој претставник, така што јас ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да делегираат свој претставник во работната група. Таму прво ќе бидат усогласени финално препораките на ОБСЕ, и да се разговара точниот тајминг на изборите“, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.