Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска прими делегација на заедницата на Власите од нашата земја претставена преку членови на политички партии, граѓански здруженија, на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На средбата во пресрет на претстојниот празник 23 мај – Национален ден на Власите, претседателот на Демократскиот Сојуз на Власите, Никола Бабовски, информираше за подготовките на централната манифестација со која ќе се одбележи празникот на влашката заедница во нашата земја.
Честитајќи го празникот во свое име, и во име на Владата, премиерот Ковачевски го истакна придонесот на влашкиот народ во севкупниот развој на нашата држава и ги поддржа активностите на заедницата на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.
Членовите на делегацијата на Власите го информираа премиерот Ковачевски за нивното активно учество во креирањето на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, со концепт за програма за вклучување на изучувањето на влашкиот јазик и култура во одделни степени на образовниот систем, како и за нивните заложби да биде обновен Влашкиот етно фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.