Според премиерот Димитар Ковачевски 60-часовната работна недела ќе ја зголеми продуктивноста на градежните работници.
Досега во градежниот сектор многу компании имаат побарано слични измени и до Владата со оглед на тоа дека самиот сектор подлежи на сезонски варијации кои зависат од времето. Тоа се побудите со кои сакаме да направиме законски измени со кои подобро ќе се искористат ресурсите и второ се забрзува работата и се зголемува продуктивноста на овие работници. Доколку бидат донесени овие законски измени, ќе може да се ангажираат помал број работници и да се работат повеќе часови, па поголем дел од финансиските средства ќе останат во државата. Без законски измени ќе дојдат повеќе работници од странство. Сите работници ќе имаат право да дадат согласност за 60 часа работа неделно и секој час би бил платен, рече Ковачевски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.