Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор. Тој посочи дека се одвиваат разговори чија цел е правење на коалиција меѓу политичките партии кои делат исти вредности и визија за државата, а тоа е Македонија што поскоро да стане членка на Европската Унија.
-Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво. До овој момент не постои финален договор, што е и нормално бидејќи се уште се наоѓаме во фаза кога изборите не се распишани. Но, има разговори, со цел на правење коалиција на политички партии кои имаат исти вредности а тоа е Македонија да биде членка на ЕУ, наспроти други политички партии кои што застапуваат алтернативни решенија, кои што не ги ни објаснуваат, рече денеска Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, за време на заедничката прес-конференција со премиерот Талат Џафери, по примопредавањето на функцијата во Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.