Нема решение во парламентот кое што опозицијата не го блокирала. Откако сум дел од Владата, стратегијата на опозицијата е блокада и тоа на нив им стана како движечка сила на нивното работење. Станува сабајле и викаат сега ќе го блокирам. Веројатно тоа го научија во единаесет години владеење кое го имавме. Тогаш имавме блокирани евроинтеграции, НАТО интеграции и блокирани односи со соседите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по најавата од ВМРО-ДПМНЕ дек ќе го блокираат новиот Закон за амнестија.

Премиерот најави дека министерот за правда, Кренар Лога утре во детали ќе го образложи предложениот закон. За него, овој закон е порестриктивен во однос на тоа што тогаш било донесено како закон во 2018 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.