Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски упати честитка по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 март.

„Денеска го одбележуваме 8 март, Меѓународниот ден на жената, првиот од 365 дена борба за економска, политичка и социјална еднаквост на жените. Жените заслужуваат признание за нивната храброст, упорност, достоинство и борбеност на сите фронтови. И тоа не само на овој ден, туку секој ден“, истакна премиерот Ковачевски во пораката.

 

Потенцирајќи го значењето на улогата на жената, тој истакна:

„Целосно и безрезервно ги поддржувам во напорите за препознаеност на нивната безвременска улога во општеството, каде, рамо до рамо со мажите, остваруваат огромни успеси во различни сфери и со своите способности, вештини и квалитети ги бришат границите и препреките за наредните генерации. Одлучни и силни жени се двигатели на општеството! Честит 8 март!“, порача премиерот Ковачевски во честитката по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.