Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е можен евентуален состанок со претставниците на приватните автобуски превозници во Скопје. Ковачевски ја поздрави нивната одлука да ги тргнат автобусите од улиците на главниот град.
Можеме да организираме состанок со цел да видиме дали може да се помогне во определени сегменти, но откако ќе ги добиеме потребните информации, бидејќи, нагласувам, Владата нема информации за каков должничко-доверителски односи станува збор – рече Ковачевски.
За проблемот со јавниот превоз исклучива надлежност има Град Скопје, рече премиерот и потенцира дека со вицепремиерот Фатмир Битиќи е разговарано за евентуален состанок за да се согледа дали може да помогнат во некој сегмент.
Но најпрво треба да добиеме информации за проблемот. Како и да е, организирањето на јавниот превоз и во иднина е во надлежност на Градот, зашто во поглед на децентрализацијата нема да се враќаме назад 20 години – рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.
Во Скопје, повтори тој, власта ја имаше добиено ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше бесплатен автобуски превоз, дури и производство на електрични автобуси, но од тоа, посочи Ковачевски, нема ништо, туку се бара и помош од Владата.
Помогнавме со преземањето на парното греење во Скопје, зашто Градот се покажа неспособен. Сега доколку се бара истото да го направиме и со јавниот превоз, велам дека исклучива е надлежноста на Град Скопје, рече премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.