Реална и вистинска е заканата која постои за европската иднината а доаѓа од опасниот популизам одвнатре. Малкумина забележаа дека Левица и Апасиев со својата анти-ЕУ и пироманска реторика стануваат се посилни, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на трибината „Силно и одлично кон иднината” во Охрид.

Веќе Левица и Апасиев ги имаат земено Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ како нивни заложници. Затоа што Мицкоски е слаб, без визија. Мицкоски јавно говори како се гордее дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов, соработници на фашизмот, лица кои биле на погрешната страна на историјата. Неколку дена зборувам за ова, за реалната закана од Левица за европскиот пат и идеолошкото обезличување на ВМРО-ДПМНЕ. И дали чувте нешто од Мицкоски за Левица? Молчи. Нема што да одговори затоа што тоа е тажната вистина. Мицкоски не го бара она што е добро за државата, туку бара како да не заостане зад Апасиев, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека „не смееме да дозволиме пироманот Апасиев и неговиот заложник Мицковски да дојдат на власт и повторно да бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски”, а економијата да ни крахира. Јас тоа нема да дозволам рече, Ковачевски.

Доколку успее нивниот пеколен план, секој од вас може да стане наутро со лажно чувство на гордост, но гладни, изолирани и сиромашни, заглавени во минатото. Јас тоа нема да го дозволам, ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме земјата што ја сакаме да тргне по тој пат. Воопшто не ни требаат опасни пиромани –ни треба нова економска визија, рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.