Суштината на европска Македонија е да има подобар стандард, помалку корупција, подобар живот, рече денеска лидерот на СДСМ Димитрар Ковачевски пред дуелот на „Канал 5“ наречен „Дуелот за Македонија“, каде ќе се соочи со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Иако дел од македонските граѓани чувствуваат замор од приемот на Македонија во ЕУ, сепак , нема друга алтернатива освен земјава да влезе во ЕУ, рече лидерот на СДСМ. Може да им ветам на граѓаните дека ќе работам ден и ноќ за Македонија да влезе во ЕУ , за да стане Македонија држава по европски стандарди каква што сакаат и очекуваат, рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.