Ковачевски во својот говор на „Преспа форум“ потсети на она што досега го направила Македонија за да добие датум за преговори со ЕУ, но најави и економски реформи кои допрва ќе следуваат со цел усогласување на нашата политика со онаа на Унијата
Имаме направено многу одрекувања и донесовме тешки одлуки за членство во НАТО И ЕУ, за подобра иднина на граѓаните. Членството во НАТО е постигнато, а поради една блокада, ЕУ не ги исполнува ветувањата иако има широка поддршка од земјите членки за што сум и благодарен јас, но и граѓаните. Продолжуваме да работиме на европеизација на европските вредности, ние сме дел од тоа семејство и ги делиме истите вредности, истакна премиерот Димитар Ковачевски зборувајќи на вториот ден од „Преспа форумот за дијалог“, отворајќи ја сесијата на тема „65 години по Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.