Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција имаше средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси.

– Срдечна средба со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен. Уште еднаш ја потенциравме важноста Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ. Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси на земјата. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат – објави Ковачевски на својот фејсбук профил.

На средбата, пак, со германскиот канцелар Олаф Шолц е потенцирата недвосмислената поддршка на Берлин за европскиот пат на Македонија.

– Дискутиравме за неопходноста од забрзување на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на регионот. Германија е наш безрезервен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ – напиша Ковачевски.

По панелот „Алијансата и подалеку од неа: партнерства за Европската безбедност”, премирот имал куса средба и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Една година по воената агресија врз Украина НАТО е обединет како никогаш досега во поддршката на Украина и ќе ја поддржува сè додека е потребно. Во оваа насока беа пораките на панелот. По обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му пренесов дека Cеверна Македонија е целосно посветена во градењето на партнерства за одржување на безбедноста во Европа и секако на Западен Балкан – посочува Ковачевски.

Тој во Минхен го прследи и панелот „САД во светот” на кој се обрати американската потпретседателка Камала Харис.

– На панелот потпретседателката се осврна евроатлантската обединетост која е посилна од било кога, иако трети страни се обидуваат таа обединетост да ја растурат, како и на Евроатлантизмот, кој се додека е жив, САД ќе бидат присутни во Европа. Потпретседателката Харис се осврна на годишнината од бруталната инвазија на Русија и порача дека Киев нема да падне. Во своето обраќање потпретседателката се заблагодари на сите НАТО членки за силното евроатлантско партнерство во Алијансата – наведува премиерот Ковачевски на ФБ.

Премиерот Ковачевски на Минхенската безбедносна конференција се сретна и со Ненси Пелоси, како што посочува, голема пријателка на нашата земја, при што се заблагодарил за нејзината долгогодишна поддршка и придонес кон стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.