Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски, на маргините на Преспа форумот за дијалог во Охрид, денеска се сретна со претседателката на Република Косово Вјоса Османи-Садриу.

За време на разговорот беше истакнато дека Македонија и Косово имаат традиционално позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка со отворен дијалог на сите нивоа без отворени прашања.

Премиерот Ковачевски и претседателката на Косово Османи-Садриу ја истакнаа и економската соработка која што бележи раст секоја година и за која владите на двете земји посветија посебно внимание и на заедничките меѓувладини седници.

За Македонија, беше речено на средбата, Косово е меѓу најважните трговски партнери, а интензивирањето на соработката особено во делот на инфраструктурата и поврзувањето придонесува за стабилноста и развојот на целиот регион.

На средбата премиерот Ковачевски истакна дека Македонија ја поддржува визната либерализација за граѓаните на Косово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.