Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Прилеп рече дека власта не бега од предизвиците туку е посветена на нивно решавање, за, како што вели, да не страда народот и да не трпат компаниите.
Последната мерка на Владата која наскоро започнува со реализација е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. Според првичните проценки очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10%, рече Ковачевски.
Тој информира дека е максимилизирано производството на струја и веќе неколку денови ЕСМ произведува 100% од потребите домашни за струја.
Бидете спокојни, струја ќе има доволно и постојано за целиот период од кризата, но треба и секој од нас да покаже рационалност и да штеди. Уште во првите денови од мојот мандат ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно повеќе отколку минималната плата која во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше под 9.000 денари. По новата методологија пензиите за 6 месеци ги зголемивме за рекордни 10 отсто. Следното зголемување кое се очекува да изнесува повторно околу 6 отсто ќе се случи во март 2023 со што за една година ќе имаме вкупно покачување на пензиите за 16 отсто, рече тој.
Ковачевски кажа дека во овие четири месеци пред нас финансиски ќе бидат помогнати над 200.000 граѓани.
Пензионерите со пензии до 14.000 денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, ќе добиваат помеѓу 1.500 и 3.000 денари во следните четири месеци како помош да се справат со кризата. Сосема различен пристап од антидржавниот и деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кој гласи: кочење, блокади и фабрикување лаги и невистини, додаде Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.