Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи се огласи по состанокот со претставници на СОНК, на кој е договорено да прекине штрајкот, а вработените во образованието да добијат 12 проценти покачување на платите.
Ковачевски порача:
Денеска низ отворен дијалог, постигнавме начелна заедничка согласност со СОНК за:
Зголемување на платите за 12% во основното и средното образование и во детската заштита;
Заедничка соработка за креирање на методологија за раст на платите која ќе е предмет и на општиот колективен договор;
Редовна исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, по потпишувањето на општиот колективен договор со јавниот сектор
Верувам дека дијалогот е единствениот начин за постигање договор, за децата сега е најважно да се вратат во училишните клупи. Очекувам овој договор да биде прифатен и потврден од страна на членството на СОНК утре, а веќе во среда на 27 април да продолжи наставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.