Француски предлог, како што рече премиерот, до земјава не е стигнат. Тој би пристигнал дури откако земјите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, ќе се усогласат. Кога ќе добиеме некаков предлог, рече Ковачевски, ќе ги дадеме нашите забелешки

Во евентуалното решение за спорот со Република Бугарија мора да има гаранции дека тоа ќе бидат нивните последни барања, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид, тој рече дека до земјава не е стигнат предлог за решение од француското претседателство и оти тоа би било доставено до Македонија откако прво ќе се усогласат земјите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија.

„Предлогот го даваат земјите членки на ЕУ бидејќи ние сме земја која сака да се зачлени. Врз основа на предлогот што тие ќе го усогласат, тој кога ќе биде подготвен и ако биде усогласен помеѓу сите земји членки ќе биде доставен до нас и тогаш ќе ги дадеме нашите забелешки. Ги кажав нашите позиции, тие се јасно дефинирани и во Собранието, нема разговори за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет и решението треба да содржи севкупно решение и гаранции дека со ова веќе нема да постојат никакви други барања во однос на нашето напредување во интеграцијата со ЕУ“,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.