„Техничкиот премиер има мандат само да ги спроведе изборите. Немам воопшто проблем да има технички премиер кој што е Албанец или припадник на било која друга етничка припадност од државата. Тоа не е професија. Сме имале и премиер Влав кој што успешно ја водел државата. Секој кој што е професионален може да ја води Владата, особено во технички мандат кога единствено треба да се спроведат изборите“.

Вака одговори премиерот Ковачевски на прашањето дали ќе има премиер Албанец на денешната прес-конференција во Владата.

Ковачевски исто така се осврна на барањата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за брзи предвремени избори без техничка влада во мај или во јуни годинавa.

– Барањето на Мицкоски за предвремени избори ме потсетува на внук ми Никола. Цело време му велиме земи учи, работи за да напредуваш, а тој вели купи ми плејстејшн. И што и да му кажеш тој вели плејстејн, плејстејшн. И ова ме потсетува на однесувањето на претседателот на опозицијата. Предвремени ќе нема, ќе има редовни избори – рече Ковачевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ управува со 50 општини и дека треба да се посветат на работа во општините, наместо постојано да го повторуваат барањето за предвремени избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.