Македонските граѓани не веруваат дека сегашниот премиер Димитар Ковачевски има капацитет да ги придвижи работите во економијата и стопанството во позитивна насока. За нив најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност, покажуваат резултатите на најновото истражување на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.

 

Многу мал процент (19,3%) од македонските граѓани очекуваат сегашниот премиер до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во економијата. Наспроти нив, две третини од испитаниците (67,8%) не очекуваат Ковачевски да донесе подобрувања во економијата.

Анкетирањето беше спроведено од 6 до 16 февруари со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.