Крајно време е Македонија да ги почне преговорите со ЕУ со отворање на поглавјата низ преговорите, е една од заедничките констатации од средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и австрискиот канцелар Карл Нехамер, пришто бilo нагласено дека секое натамошно одлагање може да има сериозни безбедносни последици за регионот и за Европа.
Ковачевски, кој со Нехамер се сретна на маргините на безбедносната конференција ГлобСек 2022 во Братислава, ја нагласил огромната поддршка на Австрија за земјава и за европската иднина на целиот регион и го поддржал канцеларот Нехамер за континуитетот за извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите од Западен Балкан да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки на ЕУ да ги исполнат своите ветувања кон земјите од Западен Балкан.
Како што соопшти владината прес-служба, двајцата премиери на средбата ги потенцирале пријателските односи и взаемната поддршка меѓу двете земји како резултат на постојаното унапредување на билатералните врски на политички и на економски план со отворени перспективи за нивно натамошно развивање.
Ковачевски и Нехамер изразиле задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите: обновливи извори на енергија, градежништво, банкарство и осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.