Шефот на државата Пендаровски смета дека Ковачевски не треба да оди во Брисел само да се слика и дека го советува да не оди.
„Јас го советувам да не оди. Мојот совет е ако вака се одвиваат работите, ако Бугарите само вчера доставија пет нови барања … Што ќе правиш во Брисел? Само да се сликаш?“,
рече Пендаровски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.
Коментирајќи го тоа што премиерот се координира со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ за одењето во Брисел, Пендаровски рече и дека „не го бендисува“ тоа што ваква координација се прави во рамки на „Отворен Балкан“ бидејќи тоа е економска иницијатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.