Доколку имате прашања за одредени отворени постапки, ве молам да ги упатите до обвинителството или до судството, им порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарите.
Одговорајќи на прашањето за наводни злоупотреби во затворот во Шутка, Ковачевски потенцира дека за се што информираат медиумите, а постојат сомнежи, прво треба да интервенираат институциите.
-Сите институции треба да работат согласно законите и статутите, управувачките тела мора да работат согласно законите и правилата за добро управување. За се што информираат медиумите, а постојат сомнежи, прво треба да интервенираат институциите кои треба да обезбедат докази, но и понатаму, кога ќе бидат проследени до соодветните правосудни и обвинителски органи, тогаш единствено таму може да се добијат информации зашто тие се независни, Владата не се меша во нивната работа. Јас лично како премиер не се мешам во работата ниту на обвинителските, ниту на судските органи, потенцира Ковачевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.