Премиерот Димитар Ковачевски вели дека позициите на земјава во однос на надворешната политика се единствени и јасно позиционирани во рамки на декларациите и резолуциите што се донесени во Собранието.
Позициите на Република Македонија во однос на единството, како внатре во државата, така и надвор од државата во меѓународната политика се многу јасно и чисто дефинирани во нашето уредување и исто така многу се јасно позиционирани во рамки на декларациите и резолуциите коишто се носени во нашето Собрание и на коишто ние се придржуваме и со тоа можам да ви кажам дека ние комплетно стоиме зад ставовите коишто се изградени во Собранието на Република Македонија, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на новиот 400 kV далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2” до македонско-албанската граница.
Тој одговараше и на прашање за наводното именување нов конзул во САД, при што го повтори ставот со кој денеска излезе и МНР дека таму веќе има конзул чиј мандат се уште трае.
Во врска со вчерашните информации што и јас ги видов на медиумите, а во однос на вашето прашање, во Њујорк поточно со седиште во Њу Џерси Република Македонија има конзул којшто е дипломат од кариера Јордан Панев, којшто е таму на должност и не се планира негово предвремено повлекување во овој момент од Конзулатот. За ова имаше и соопштение од МНР, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.