Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.

Средбата, како што рече, ќе биде закажана за понеделник, и на истата ќе разговараат за одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

– Средбата ќе биде закажана за понеделник и на истата ќе разговараме за евроинтеграцијата на Македонија, ќе разговараме за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР – информираше вечерва Ковачевски за време на заедничката прес-конференција со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.