Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Њујорк, имал средба со Џасвиндер Каира, управен директор во групацијата „Блекстоун“.

Како што соопшти прес-службата на Владата, Ковачевски и Каира на средбата разговарале за енергетската трансформација на државата, за проектите во областа на енергетиката, дигитализацијата, телекомуникациската инфраструктура и сајбер безбедноста.

„Блекстоун“ е водечка американска инвестициска групација со седиште во Њујорк која е активна во повеќе сфери – инвестициски фондови, кредитирање, недвижности, инфраструктура, енергетска транзиција и осигурување. Групацијата има над 230 компании во сопствено портфолио за кои обезбедуваат долгорочен раст преку различни инвестиции во повеќе сектори, и се инвестициска компанија која придонесува кон развој на глобалната економија и економски раст, се наведува во Владиното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.