На маргините на 77. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со делегација на Американскиот еврејски комитет предводена од претседателот Мајкл Тичнор и извршниот директор Дејвид Харис.

На состанокот, како што информира владината прес-служба, било изразено задоволство од успешната соработка меѓу Република Македонија и Американскиот еврејски комитети и уште еднаш биле повторени заложбите за внесување на еврејската заедница во Уставот на Република Македонија.

Разговарано е и за значењето на стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД, при што било истакнато дека земјава останува стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД.

На средбата е оценето дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Израел се на високо ниво и дека постои голем потенцијал за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, економијата, трговијата, но и во енергетиката, земјоделството, стратапите и технологијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.