Дезертерот Димитар Ковачевски на големи маки, кого попрво да слуша, дали Зоран Заев од Струмица или Али Ахмети од Зајас. И затоа пиунот Ковачевски, кога не знае што треба да направи или оди во Зајас кај Ахмети, или во Струмица кај Зоран Заев да се советува. Бидејќи Ковачевски и СДС знаат дека се ближи нивниот крај, партијата СДС и дезертерот Ковачевски се претворија во вазали на ДУИ и Али Ахмети, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За некој тендер повеќе, за некој денар повеќе во џебот на функционерите од СДС се претворија во измеќари. Тоа е лицето на СДС денес, од партија која имаше некаква државотворна улога во минатото, во измеќарска партија за лични интереси и богатење. Додека народот секој ден, се повеќе осиромашува, додека економијата тоне, а граѓаните ги очекува најтешката зима, СДС и Ковачевски мислат и се спремни се да прифатат за некој тендер повеќе, мислат само на лично богатење на грбот на граѓаните, се вели во нивното соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ порача дека на наредните предвремени парламентарни избори СДС и Ковачевски ќе доживеат дебакл, а со тој дебакл се става по знак прашање постоењето на СДС како политичка партија, па затоа грчевито се борат за ден повеќе да опстојат на политичката сцена, а со тоа да слугуваат на ДУИ и Ахмети.

За да престанат сите омаловажувања и предавства на дезертерот Ковачевски и СДС, потребни се предвремени избори, за народот да каже дали сакаат да продолжат сите предавства на СДС и ДУИ, или сакаат просперитетна иднина и европска иднина со ВМРО-ДПМНЕ, се додава во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.