Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на крајот на самитот за Западен Балкан што се одржува во Скопје ќе биде усвоена заедничка декларација.

Пред почетокот на самитот тој пред новинарите изјави дека тема на состанокот ќе биде Планот за раст на Западен Балкан.

„Планот за раст треба да донесе реформи и финансиски инструменти во износ од шест милијарди евра за земјите од Западен Балкан. Ќе разговараме и за заеднички активности во областа на трговијата и економијата. Потоа ќе имаме заедничка прес-конференција“, рече меѓу другото Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.