Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, напиша денеска на својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.
Остануваме посветени на растот на прходите и поддршка на сите граѓани. Покрај платите растат и пензиите, а обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Преку 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои значат повеќе приходи и полесно пребродување на економските предизвици со кои се соочуваме, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Според податоците на Државниот завод за статистика кои беа објавени денеска, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.