По повод одбележување на Денот на Армијата на Република Македонија, на 18 август 2023 година (петок), со почеток во 9:30 часот, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.
Во рамки на свеченоста со воена церемонија, од страна на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата Стево Пендаровски ќе се доделат медали.
По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат и Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски и Министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Во склоп на прославата со воена церемонија ќе бидат соопштени Укази за произведување во генералски чин, а од страна на министерката ќе се доделат и полковнички чинови на унапредени старешини во чин полковник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.