Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на синоќешниот ТВ дуел посочи дека е свесен за незадоволството кај граѓаните.

-Јас сум свесен дека граѓаните се незадоволни од владеењето на правото и борбата против корупцијата, ако некој е одговорен јас сум одговорен, бидејќи нема кој друг да е дали можеше да се направи повеќе да дали мораше да се направи повеќе да можеше. Има разлика во времето на владеење на СДСМ и ДПМНЕ, требаше ВМРО да не биде на власт за да се види што се правеа, медиуми никој не смееше ништо да каже, сите институции затворени под контрола. Овие седум години има неселективност во постпаувањето, мене не ми е сеедно кога ќе видам членови на паријата кои завршуваат во затворо, меѓутоа тоа значи дека има неселективност, оцени Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.