Ова е период кога треба да ги донесеме клучните одлуки за забрзување на евроинтеграцискиот процес, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат, порача премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, Ерик Мајер.

Како што наведе Ковачевски, со Мајер, покрај за евроинтеграцискиот процес разговарале и за поддршката од САД во исполнување на нашите стратешки цели.

Се согласивме дека храбрите одлуки носат успех, Македонија, по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД. Тоа ќе го правиме рамо до рамо со нашите стратешки партнери САД, додаде Ковачевски во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.