Министерот за образование Шаќири наместо да се заканува со кривични пријави до просветните работници кои штрајкуваат, треба да ги поддржи нивните барања и да најде решение, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот фикус кој да не беше штрајкот немаше да знаеме како изгледа, треба подлабоко да навлезе во барањата на просветните работници. Шаќири и Ковачевски треба да знаат дека правото на протест е со устав загарантирано и тоа е посилно од било кој закон кој погрешно ќе го интерпретира оваа неспособна влада. Пари за повисоки плати има, но владата треба да се откаже од своите удобства. За што ќе одат најавените 900те милиони евра задолжување? Дали се спрема уште еден нов грабеж на грбот на народот. Наместо закани треба да произведат решенија, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.