Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, по пратеничко прашање од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, истакна дека ќе му каже да претседателот на Владата во Бугарија, Кирил Петков дека и Македонија ќе отвори Културен центар.
Планирам директно да го информирам колегата Петков дека како Влада во текот на оваа година имаме намера да отвориме нов културен центар во Република Бугарија, во Благоевград, а името на центарот ќе го определиме во комуникација со нашиот институт за историја – рече Ковачевски.
Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.