Криминалниот тандем Груби- Ковачевски има моќ се што ќе допре да криминализира. Тие со законски измени неправдата ја претвораат во извитоперена правда. Легалните градби и дивоградбите ги изедначуваат во нивните права со новите измени на законот за експропријација, напоменува ВМРО-ДПМНЕ.
Со измената на законското решение за потребите на изградбата на коридорите Груби и Ковачевски го изедначуваат статусот на легалните и нелегалните објекти, односно нелегалните објекти кои се градени без дозвола, без документи, ќе бидат обештетувани со иста мерка како и легалните објекти во процесот на експропријација. Тоа значи дека ако утре некој изгради нелегален објект на трасата, Груби и Ковачевски ќе потрошат огромна сума народни пари да го платат сето тоа.Ваквите решенија на крими дуото Груби-
Според партијата, Ковачевски стимулираат неправда и неправо, стимулира урбанистички јавашлук и хаос, а сето тоа да го плаќаат даночните обврзници. Но што да се очекува од такви ликови кои во политиката функционираат со заобиловувања на законите и прописите. Не е ни чудо што ја осиромашија државата. Изборите се единствено решение за нив, најпрво да одговараат пред народот, а потоа да одговараат и пред правосудните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.