Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава.

На состанокот е констатирано дека Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања.

Заеднички е оценето дека определеноста и на Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион.

Во таа насока, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион.

На средбата се поздравени напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата.

На состанокот е разговарано за унапредување на соработката меѓу двете држави во процедурите за гранични олеснувања и за други актуелни прашања, како што се состојбите во енергетиката.

Исто така разгледани се можностите околу терминот на одржување на втората меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово во текот на 2022 година.

Премиерот Ковачевски му посака на амбасадорот Ќехаја успешен мандат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.