Претседателот на Владата  Димитар Ковачевски и свечена делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје, со присуство на претставници на почесната гарда на Армијата на Република Македонија, ги пречекаа државната и црковната делегација, кои од Ерусалим го пренесоа Благодатниот оган во Скопје.

Оваа година, за прв пат, државна делегација на Република Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, присуствуваа на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим, без да бидат дел од делегација на друга држава. Благодатниот оган го преземаа лично претставниците на македонската државна и црковната делегација од Ерусалимскиот патријарх и го донесоа во земјава, како благослов за македонскиот православен народ и за нашата помесна православна црква, МПЦ-ОА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.