Ковачевски го допре дното. Праќа партиски средношколец од приватни школи како Лука Павиќевиќ да го саботираат штрајкот на наставниците, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Имено младиот Павиќевиќ учи во приватно училиште каде една година се плаќа и неколку илјади евра. А наставниците на истото не се под штрајк.
Лука Павиќевиќ, таканаречен лидер на средношколците, скроен по мерките на Ковачевски е кадар на СДСМ близок до Бојан Маричиќ и Стево Пендаровски.
Малиот Павиќевиќ е близок и со Петар Колев, кој важи за близок на бугарските политики кои ја негираат Македонија.
Таканаречениот лидер на средношколците поддржувал и промена на име, а за сето тоа е награден со некаква квази функција – лидер на средношколците.
Овие кадри на СДСМ како Павиќевиќ, се претставуваат како независни и неутрални, а извршуваат насоки на владата.
Срамота е што СДСМ се впушти во злоупотреба на деца на средношколска возраст, индоктринирајќи ги политички, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Лука Павиќевиќ е близок со сите функционери на СДСМ, а и поддржувач на политиките на власта, промената на името, но и бугарските политики на негирање на Македонија, што може да се види и од неговите објави на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.