Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, со статус на Фејсбук се дистанцира од изразување став за францускиот предлог, со напомена дека Владата формално нема добиено предлог, усогласен на ниво на сите 27 земји членки. Тој воедно ги набројува условите под кој тој би бил прифатлив за нашата земја.

Во врска со јавната дискусија околу францускиот предлог, би сакал уште еднаш да потврдам дека Владата на Република Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.
Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:
➡️ Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;
➡️ Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;
➡️ Преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;
➡️ Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;
➡️ Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Македонија, пишува Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.