Премиерот Димитар Ковачевски не е задоволен од работата на градоначалниците бидејќи, како што денеска изјави, ветувањата дадени за време на изборната кампања, воопшто не се реализираат.
– Доминантно, власта во локалните самоуправи ја освои опозицијата и тие мора да бидат свесни за својата одговорност. Од она што можам да го видам е дека ништо не се прави во општините. Јас живеам во градот Скопје каде што гледам дека ветувањата што беа давани во текот на кампањата воопшто не се реализираат. Единствено нешто што добиваме од градоначалниците е барања за помош, меѓутоа од другата страна не постои никаква иницијатива од нив да се вклучат во справувањето со енергетската и економската криза, изјави Ковачевски.
Одговарајќи на новинарски прашања по денешното закројување на лозјата во Росоман, Ковачевски упати критика до градоначалниците кои во време на криза ги правеле буџетите на општините без притоа да предвидат кризни програми за справување.
– Дополнително на тоа, барањата доаѓаат од градоначалници кои доаѓаат од партија која гледаме дека наместо да им помага на граѓаните, вчера организираше целодневни настани со снимање на скапи видеа и со организирање во скапи сали каде што презентираа проекти од кои дел се започнати од градоначалниците од СДСМ, а другиот дел се тотално непостоечки и би кажал некакви стелт технологија проекти коишто никој не ги гледа и никој не ја гледа нивната имплементација, рече Ковачевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.