Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На состанокот, како што соопшти кабинетот на Ковачевски, се потврдени традиционално пријателските односи помеѓу двете држави засновани на меѓусебно почитување и е изразена отвореност за унапредување на економската соработка, преку заинтересираност за инвестиции од Македонија во Кина и за продолжување на соработката во делот на инфраструктурата во нашата држава.

Заеднички е оценето дека постојат повеќе различни области за соработка со Кина кои ќе придонесат кон унапредување на односите помеѓу двете земји.

Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски ја повтори позицијата на земјата на линија на стратешките партнери, НАТО, САД и ЕУ за најостра осуда на руската инвазија на Украина и санкции кон Руската Федерација.

Ковачевски истакна дека Македонија е држава членка на НАТО, со аспирации за членство во ЕУ и дека продолжува да се развива во таа насока.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.