Ковачевски досега нема победено на избори. Во Центар Жупа победи ТДП, а не СДСМ. Во Тетово истата ТДП одеше посебно на избори од СДСМ. Впрочем во Тетово СДСМ и Ковачевски загубија два спрема еден од ВМРО ДПМНЕ. Ковачевски може да победи само со замислен противник и онаму каде ќе истури од крадените пари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дека ако Ковачевски толку верува дека СДСМ е силна партија тогаш зошто бега од избори.

– Го повикуваме да распише избори и да видиме народот што ќе им порача за сите криминали и предавства, се додава во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.