Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска имале билатерална средба со фокус на интензивирањето и унапредувањето на соработката меѓу двете земји.

-Двајцата премиери разговараа за повеќе актуелни теми, како и за фактот дека активностите како денешниот настан, почетокот на изградбата на железничкиот Коридор 8, ги потврдуваат заложбите на двете земји за напредок на меѓусебните односи, соопшти владината прес-служба.

Како што информираат од Владата, двајцата премиери зборувале и за можностите за проширување на капацитетите на гасоводот и продлабочената соработка која ќе обезбеди справување со последиците од енергетската криза која го засега цел Европски континент



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.