Ковачевски инфлацијата и криминалот ги зголеми, но не заборави да си ја зголеми и платата.Македонија со Ковачевски имаше најголема стапка на инфлација во регионот и во врвот на Европа, скоро 20% инфлација ги стопи примањата на граѓаните во последната година.

Откако е СДС на власт стандардот на граѓаните е во континуиран пад, тоа што претходно можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари,велат од ВМРО-ДПМНЕ

Залудни се сите фалби за некакво зголемување на плати, кога во реалноста куповната моќ опаѓа.Единствено што има пораст е криминалот, тендерите и платите на функционерите.

Ковачевски додека замрзнува цени на макарони, и залажува со квази мерки на мала врата ќе си ја зголеми платата за 78%, како за него, така и за неговите министри и функционери.

Потребни се коренити промени. Со Ковачевски на власт, народот ќе страда, а функционерите ќе се богатат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.