По изборот на новите министри премиерот Димитар Ковачевски рече дека реконструкцијата не е мотивирана од имиња и презимиња, од партиски интереси, туку поради зајакнување на позиците на државата на меѓународен план, заштита на националните интереси и окрупнување на чинителите кои се проевропски ориентирани.

Вие почитувани пратеници, владата, сите ние имаме должност кон граѓаните да градиме општество кое доликува на современите демократии, општество интегрирано во Европската унија. За подобар и попросперитетен живот на сите наши граѓани. Затоа, сѐ додека сум премиер во владата, вратата ќе остане отворена за секој пратеник, за секоја политичка партија, поединци со кои за Македонија ќе создаваме европска Македонија, затоа што нашите граѓани заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Според него, власта мора да се залага за забрзан економски раст на државата.

Граѓаните овде имаат капацитет, имаат вештини и знаење. Затоа на нас е да им го овозможиме сето тоа. Пред вас, пред нас има голема работа што допрва претстои. Одговорноста што ни ја доверија граѓаните нѐ обврзува уште поодговорно да работиме на реформските процеси во државата, рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.