Клучот за успешно справување со родовото насилство е во примената на механизмите кои произлегуваат од новите законски решенија. Говорејќи на регионалната конференција за родово насилство, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Законот за родова еднаквост треба да ја зајакне положбата и статусот во општеството и да обезбеди еднаков пристап до ресурсите и еднакво учество во донесувањето одлуки во сите сфери во општеството.

Законот предвидува формирање на Секретаријат, чија основна намена е следење на мерките за родова еднаквост. Случаите како „Јавна соба“ ни ги покажаа слабостите на системот, но исто така ни покажаа дека санкционирањето и превенирањето се најважните алки во справувањето со родово базирано насилство, рече Ковачевски.

Тој додаде дека пресудите на обвинетите во случајот „Јавна соба“ обесхрабруваат други повторни појави на вакви случаи, кон што придонесуваат измените и воведувањето на дело „демнење“.

Се предвидуваат строги санкции за вознемирување преку интернет. Тоа значи дека секој што неовластено ќе следи, прогонува или ќе се меша во личниот живот на друго лице, вклучувајќи и да направи непосакуван контакт, може да се казни со казна до три години затвор и тоа верувам дека ќе направи пресвртница во слободата кои ја чувствуваа оние кои досега безодговорно ги загорчуваа животите на многу жени и девојки, заклучи Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.