Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски упати честитка по повод големиот државен празник 2 Август – Ден на Републиката, што годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и Денот кога пред 79 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност.
„Нека ни е честит и вековит Илинден-Денот на Републиката! Денеска ги празнуваме двата Илиндена, темелници на македонската државност, јазик и култура.
Го чествуваме нашето славно минато, свртени кон посветла иднина!
Денешниот историски ден да го славиме сите заедно, обединети со иста верба во нашата просперитетна иднина! Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас!“, порача претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во честитката по повод големиот празник Илинден.
„Вечна благодарност на нашите илинденци и асномци, чија борба за слободна, независна, демократска, прогресивна македонска држава и мултикултурно општество, денес е наш аманет и патоказ по европскиот пат.
Нека ни е честит Илинден – Огниште на татковината!“, се вели во фејсбук објавата на премиерот Димитар Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.