Неопходно е брзо изнаоѓање решение меѓу Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина, истакнале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и неговиот белгиски колега Александар Де Кро.
На средбата, во рамки на работната посета на Брисел на Ковачевски, двајцата премиери изразиле задоволство од блиските и пријателски односи меѓу Македонија и Кралството Белгија, засновани на взаемна доверба и заедничка визија за слободна и демократска Европа.
Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека, покрај исклучителните билатерални врски, Белгија е важен партнер на Македонија во НАТО и во другите мултилатерални меѓународни организации и силен поддржувач на нашата интеграција во ЕУ. На средбата двајцата премиери ја потврдија согласноста дека е неопходно брзо изнаоѓање решение меѓу Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина, соопшти владината прес-служба.
Ковачевски и Де Кро, стои во соопштението, изразија остра осуда за Руската воена агресија на Украина и ја оценија како сериозна закана за мирот и стабилноста на Европа.
Премиерот Ковачевски го поканил белгискиот колега Александар Де Кро да ја посети Македонија во рамки на претстојниот Преспа Форум и истакнал дека тоа ќе биде дополнително зајакнување на позитивниот тренд за унапредување на политичкиот дијалог и поттик за посилна економска соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.