Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски со видео обраќање им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите припадници на Исламската вероисповед.
Во честитката премиерот Ковачевски истакнува дека Рамазан Бајрам е празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност.
На сите припадници на Исламската вероисповед во нашата земја, во мое, и во име на Владата на Македонија, упатувам најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.
Рамазан Бајрам е празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност.
Крајот на постот и дарбите што се стекнуваат во месецот на одрекувањето и воздржувањето, ги украсуваат верниците со дух на трпение, несебичност и дарежливост за да се споделат благодетите на празникот со членовите на семејствата, роднините, пријателите и соседите.
Овие вредности оваа година имаат посебно значење заради актуелната глобална криза.
Во овие услови, Рамазан Бајрам повикува да се соочиме со предизвиците и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени.
Градиме заедно едно општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека само заедно ќе успееме најбрзо и најбезболно да ги пребродиме сите, па и овие последиците од кризата.
На крајот дозволете ми да ви посакам празничните денови на Рамазан Бајрам да ги поминете во радост и спокојството во домот, во добро здравје и духовна сила!
Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам, се наведува во честитката на Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.