Денеска, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја предводеше владината делегација во состав од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на работна средба со делгација на НАТО предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи.

На средбата, тема на разговор беа актуелните хибридни закани и напади со кои се соочува Македонија, како и другите земји членки на Алијансата.

 

Од присутните на состанокот констатитрано е дека станува збор за малициозни обиди за внесување страв и немир кај граѓаните и поткопување на довербата и кредибилитетот во институциите.

Присутните министри имаа можност да разговараат со експертскиот тим на НАТО во насока на досега преземените мерки и активности со кои е обезбедена стабилноста и безбендоста на граѓаните и поради кои заедно со безбедносните служби ја ценат состојбата во земјата како целосно стабилна.

На средбата се дискутираше и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во региото и врз другите членки на НАТО.

Заменик помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици Апатураи, нагласи дека предизвиците со кои се соочува Македонија се предизвици за НАТО членките и дека Владата на Република Македонија ниту понатаму нема да се справува сама со хибридните закани, исто како што тоа не го правела ниту досега. НАТО ќе продолжи да споделува знаења и техничка поддршка за создавањето долгорочна отпорност.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на НАТО за целата поддршка која Македонија ја добива во борбата со новите безебдносни предизвици и за договорените следни чекори во зајакнување на сајбер безбедноста на дражвата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.