Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.
На состанокот беа разгледани претстојните активности кои ги очекуваат двете земји, во насока на зацврстување на партнерството и реализирање на заедничките приоритети, со акцент на неколку конкретни области.
Ковачевски и Агелер потенцираа дека стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД е во фаза на унапредување, преку зајакнување на соработката во рамки на Стратешкиот дијалог и дека оваа динамика е поврзана со прогресивните политички определби на државата.
Во тој контекст, реафирмирана е силната поддршка од САД во процесот што треба да овозможи севкупен напредок на земјата, а посебно на планот на евроинтеграциите, за што заеднички беше оценето дека е неопходно да се одржи европскиот правец и дека претстојниот чекор во Собранието на Република Македонија е од клучна важност за тоа.
Споделен е ставот дека проевропските политички субјекти мора да го препознаат својот дел од одговорноста во овој момент, за да се осигура европската иднина на македонските граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.